Sinan Uslu
16 Ноември 2016•Ажурирај: 17 Ноември 2016
АНКАРА (AA) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ероган, пред заминувањето за Пакистан, на аеродромот „Есенбога“ се обрати пред медиумите, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој говореше за предлозите на АК Партијата за уставни измени, при што го истакна:
„Во врска со форматот на претседателската фунција, јас лично не гледам никаков проблем. Тука е битно што ќе претстават и двете политички партии пред народот, да се разгледаат предлозите и да се донесе одлука за тоа“.
- ‘Прекинувањето на врските на претседателот на државата со сопствената партија нема да биде добро’ -
Во врска со поврзаноста на претседателот на државата со партијата од која доаѓа, претседателот Ердоган изјави: „Според моето мислење, доколку претседателот на државата ги прекине своите врски со партијата, тогаш тоа може да делува врз политиката во државата и да доведе до ослабување на нејзината структура. Затоа, доколку се направи еден ваков чекор, и се влезе во претседателскиот систем на начин на ‘вистинското претседателство’, како што понекогаш тоа го вели почитуваниот Бахчели, тогаш се подразбира дека не е во ред да бидат прекинати врските со партијата. Напредувањето заедно со матичната партија, спроведувањето на целиот процес, несомнено е дека и партијата од која потекнува, и самиот претседател ќе бидат посилни, поодлучни и преземените чекори ќе бидат во знак на солидарност“.
- ‘Постојано зборуваат за борбата против тероризмот’ -
Претседателот Ердоган се осврна и на посетата на германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер на Турција:
„Постојано зборуваат за борбата против тероризмот. Но ние веќе не гледаме позитивно на овие нивни изјави. Посакуваме тие да се спроведат во реалноста“.
- ‘Потребно е Морси и другите обвинети да бидат ослободени’ -
Египетскиот Врховен суд вчера ја укина смртната казна за поранешниот египетски претседател Мухамед Морси, соборен со воен удар во 2013 година, и наложи повторно да му се суди за случајот познат како „Масовно бегство од затвор во 2011 година“.
„Не се води праведна постапка против Морси и другите обвинети. Тие во моментов се оштетени. Не е решение само да се повтори судењето, туку треба колку што е можно поскоро тие да бидат ослободени“, рече претседателот Ердоган во врска со укинувањето на смртната казна за египетскиот претседател, кој беше соборен од власта со пуч во 2013 година.