Enes Kaplan
17 Ноември 2016•Ажурирај: 17 Ноември 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна утринава во официјална посета на Пакистан, a во Исламабад, со највисоки државни почести е пречекан од страна на пакистанскиот премиер Наваз Шариф, јавува Anadolu Agencу (AA).
Приемот започна со постројување на почесната гарда и интонирањето на химните на двете земји во предворјето на седиштето на пакистанската влада, а потоа Ердоган ја започна билатералната средба со домаќинот, пакистанскиот премиер Шариф.
Целта на посетата на Ердоган на Пакистан е интензивирање на билатералните односи и зајакнување на соработката меѓу Турција и Пакистан на меѓународната сцена, а за тоа најмногу говори и составот на бројната турска делегација која со Ердоган пристигна во Исламабад.
Во делегацијата се и замениците на турскиот премиер Вејси Кајнак и Тугрул Туркеш, потоа началникот на Генералштабот на турската војска Хулуси Акар, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекчи, директорот на Турската разузнавачка служба (MIT) Хакан Фидан и други официјални лица од Анкара.