Adem Şalvarcıoğlu
19 Август 2018•Ажурирај: 21 Август 2018
АНКАРА (AA) – Во Мјанмар се убиени повеќе од 24.000 муслимани од Аракан, покажува извештајот на Агенцијата за меѓународен развој од Онтарио (OIDA), јаува Anadolu Agency (AA).
Во составувањето на извештајот учествуваа поединци и организации од Австралија, Бангладеш, Канада, Норвешка и Филипини.
Податоците покажуваат дека во насилството врз мјанмарските сили, од август минатата година смртно настрадаа повеќе од 24.000 аракански муслимани.
Востановено е дека повеќе од 40.000 муслимани од Аракан се ранети, при што е користено оружје, 114.000 се нападнати, а 31.000 се фрлени во оган.
На споменатото подрачје се запалени 115.000 куќи на Рохинџите (муслимани од Аракан), а во нападите се оштетени 113.000 куќи.
Во извештајот се наведени и зборовите на Хасин Бегум од селото Толатули во Аракан, која тврди дека мјанмарските сили го запалиле нивното село и ги усмртиле жителите, а пукано е и во оние кои се обиделе да избегаат преку реката.
Бегум додаде дека мјанмарските сили усмртиле најмалку 50-60 луѓе, а поединци се спасиле со скокање во реката.
Додаде дека телата на убиените се запалени, и дека во оган е фрлено и четиримесечно бебе.
Организацијата „Лекари без граници“ соопшти дека минатата година, од 25 август до 24 септември се убиени најмалку 9.400 муслимани од Аракан.
Податоците на Обединетите нации (ОН) покажуваат дека од 25 август 2017 година, од Аракан во Бангладеш пребегале повеќе од 700.000 луѓе. На сателитските снимки на меѓународните организации за заштита на човековите права може да се види како се уништени неколку стотици села.
ОН и меѓународните организации за заштита на човековите права, насилствата врз муслиманите од Аракан ги нарекуваат етничко чистење или геноцид.
Владата на Мјанмар, на меѓународните медиуми и на хуманитарните организации во голема мера им оневозможува пристап до Аракан, а не ги одржа ниту дадените ветувања за прашањата кои се однесуваат на враќањето на муслиманите од Аракан.
Организациите за заштита на човековите права предупредуваат дека доколку не се воспостави безбедна средина за муслиманите од Аракан, би можело да дојде до ново етничко чистење.