Cansu Dikme
01 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ - Иранскиот претседател, Хасан Рохани, ги предупреди Иранците во однос на антивладините протести кои се одржуваат низ целата земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Tреба да избегнеме да ја ставaмe земјата во ситуација која непријателите можат да ja искористат“, рече Рoхани, по состанокот на кабинетот.
„Сакам младите и целиот наш народ да бидат внимателни. Во моментов, нашиот регион и земјата минуваат низ чувствителен период“, додаде тој.
Илјадници Иранци во четвртокот излегоа на улиците во североисточните градови Машхад и Кашмар во знак на протест поради зголемувањето на цените и поради лошото управување на власта.
Според извештаите, во протестите загинале две лица, десетици други се повредени, додека над 300 лица се приведени.
Во својата изјава, која е прво обраќање од почетокот на протестите во четвртокот, претседателот Рохани истакна дека уставот им дозволува на луѓето да имаат различни мислења.
„Критиките и приговорите треба да се направат на начин што ќе доведе до подобрување на условите во земјата и подобрување на состојбата на населението“, рече Рухани.
Говорејќи за економските прашања, нагласи дека некои од нив се останати проблеми од минатото, додека други се сега настанати прашања.
„Владата и граѓаните треба да си помагаат едни со други. Не е само економијата што е предмет на критика од страна на народот. Корупцијата и транспарентноста се исто така меѓу прашањата што народот сака да се решат.
„Владините напори за намалување на невработеноста продолжуваат. Куповната моќ на луѓето не е подобрена од пред четири или пет години“, порача Рохани.