Mustafa Melih Ahıshalı
14 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
ТЕХЕРАН (AA) - Претседателот на Иран, Хасан Рохани, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател, Доналд Трамп, за тоа дека нема да го потврди иранскиот нуклеарен договор, рече дека САД нема да може еднострано да го поништи спомнатиот нуклеарен договор, јавува Anadolu Agency (AA).
Рохани за иранската државна телевизија рече дека изјавите на Трамп претставуваат навреда за Иран и неговиот народ.
„Изјавите на Трамп не содржат ништо друго освен навреди и клевети насочени кон иранскиот народ", рече Рохани.
Нагласи дека САД во повеќе наврати се обиде да изврши државен удар во Иран.
„Изгледа дека Трамп не знае дека еднострано нема да може да го поништи нуклеарниот договор. Колку само земји го потпишаа овој договор. Не може да го толкува овој договор ниту да отфрли ниту една негова ставка", рече иранскиот претседател.
На крајот додаде дека американските функционери безброј пати досега изнесуваа слични изјави.
Истакна и дека и Иран би можел да се повлече од нуклеарниот договор доколку не биде задоволено на неговите интереси и доколку се повлечат и другите земји потписнички.
Американскиот претседател Доналд Трамп во петок изјави дека нема да го потврди иранскиот нуклеарен договор од 2015. година, повикувајќи се на низа нови санкции против Владата во Техеран.
Делегациите на Иран и групата 5+1, односно пет постојани членки на Советот и Гермаија, во јули 2015. година го постигнаа спомнатиот договор.
Договорот во повеќето земји од светот е дочекан со воодушевување, посебно во Техеран. Се смета за „нова страница" во меѓународните односи, но против него и понатаму гласно се залага Израел.