Elvir Hociç
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека претседателските избори во САД се избор меѓу лошиот и полошиот, јавува Anadolu Agency (AA).
"Америка тврди дека има 200 години демократска традиција и дека имала 50 претседателски избори, но во таа земја нема морал", изјави Рохани во своето обраќање пред Иранците на стадионот во Арак.
Во говорот кој во живо беше пренесуван на иранската телевизија, Рохани изјави дека за време на посетата на САД, челникот на таа држава го прашал кој од претседателските кандидати ќе поддржи на изборите во ноември.
"Јас му одговорив со контрирање, зарем да бирам меѓу лошиот и полошиот, или обратно", рече Рохани.
Претседателот на Иран кажа дека подбивните и навредливи настапи на претседателските кандидати на телевизиските дебати покажуваат голем недостаток на морал во САД.
Претседателските избори во САД ќе се одржат следниот месец, а иранскиот претседател Рохани не прецизираше за кој се однесуваат епитетите "лош и полош", поточно дали се однесуваат на демократскиот кандидат, Хилари Клинтон или нарепубликантскиот кандидат, Доналд Трамп.