Erdal Çelikel
12 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за економија на Република Турција, Нихат Зејбекџи, денес порача дека Турција не треба и нема да ги слуша лекциите за демократија, човекови права и слободи од која било земја на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот министер за економија, Зејбекџи, во Анкара го прими катарскиот колега Ахмед бин Касим бин Мухамед ал Тани и во таа пригода истакна дека двете министерства се во постојан контакт од воведувањето на неправедната блокада и изолација на Катар во Заливот.
„Целта на Турција не беше само да се подмират потребите на народот на Катар, туку и да ги спречиме немирите коишто со блокада и недостаток на роба планираа да ги предизвикаат земјите што ја воведоа блокадата. Тоа го спречивме. Досега од Турција за Катар, со роба од различен вид отидоа 197 товарни авиони, конвој од 16 шлепери, но и товарен брод. Така ги подмиривме потребите на Катар, но и понатаму тоа ќе го правиме“, порача Зејбекџи.
Тој истакна дека стабилноста е важна за развојот на економската соработка, и изрази надеж дека актуелната криза во Заливот ќе биде наскоро решена, а братските народи во тој дел од светот повторно ќе имаат нормализирани односи.
Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ, Бахреин и Јемен на 5. јуни ги прекинаа односите и го блокираа Катар, а земјата ја обвинуваат за поддршка на тероризам, што властите на Катар го негираат.
Министерот Ал Тани денес во Анкара изјави дека Катар има подготвено план за вонредата состојба.
„Катар има многу силна економија. И претходно покажавме отпор на бројните регионални и глобални кризи. Нашата екномија е една од најбрзо растечките економии и сме најголем извозник за гас. Ќе ја пребродиме и оваа криза“, изјави Ал Тани.
Ал Тани му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на пријателскиот турски народ што Турција од првиот час е на страната на Катар.
Тој додаде дека денес со колегата Зејбекчи ќе разговара за продолжението на актуелните и воведување на нови линии за транспорт на роба од Турција кон Катар.
Ал Тани истакна дека голем број проекти што во Катар ги водеа компаниите од земјите коишто ги прекинаа односите со таа земја, најверојатно ќе бидат откажани, и рече дека тоа е голема можност за турските компании и инвеститори да ги преземат проектите.
„Не е запрен и нема застој ниту во еден проект поврзан за подготовките за Светското фудбалско првенство што во 2022 година ќе се одржи во Катар“, изјави Ал Тани.