Burcu Arik
21 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, најави дека Турција денес ќе ја преземе испораката на американските борбени авиони F-35 во Тексас, а дека во Турција ќе бидат испорачани во 2020 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој денес во Анталија пред новинарите изјави дека до 2020 година во Соединетите Американски Држави (САД) ќе бидат одржани обуки за пилотите на авионите кои ги произведува американската компанија „Lockheed Martin“.
Американскиот Сенат во понеделникот го одобри Годишниот план за национална одбрана кој содржи и забрана за продавање на авионите F-35 на Турција поради нејзиното купување на антиракетниот систем S-400 и притворањето на американски државјани.
Чавушоглу денес го потврди претходното соопштение на турските институции дека испораката на авионите ќе се одржи на церемонија во Тексас и дека во Турција ќе бидат доставени по завршувањето на обуката на пилотите.