Levent Kişi
10 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
АНТАЛИЈА (AA) – Турскиот министер на правдата Абдулхамит Ѓул денеска во Анталија изјави дека до денеска се уапсени и осудени најмалку 38.470 припадници на ФЕТО, 10.079 припадници на ПКК и 1.354 припадници на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Ѓул престојуваше во Анталија, каде присуствуваше на состанокот со претставниците на турското правосудство.
Одговарајќи на новинарско прашање, Ѓул истакна дека правдата е во директна врска со единство, заедништво и благосостојба во земјата.
Нагласи дека Турција поминува низ еден многу чувствителен период, во кој се води активна борба против тероризмот.
Потсети исто така дека Турција успешно спроведува и операција „Маслинова гранка", на северот на Сирија.
„До денеска се уапсени и осудени најмалку 38.470 припадници на ФЕТО, 10.079 припадници на ПКК, и 1.354 припадници на ДЕАШ. Правосудството, во координација со останатите турски институции, во согласност со правото и Уставот, решително ја продолжува борбата против тероризмот", рече Ѓул и додаде:
„Турција, за разлика од одредени земји, терористите не ги дели на 'добри и лоши терористи'. Таквата поделба е неприфатлива."