Diyar Güldoğan
01 Февруари 2019•Ажурирај: 03 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека Турција и ЕУ уште повеќе ќе ги нормализираат односите за време на ротирачкото претседателство на Романија, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу: „Странските итервенции во Венецуела ќе го продлабочат проблемот“
„За време на претседателството на Романија, мислам дека Турција и ЕУ додатно ќе ги нормализираат своите односи“, изјави Чавушоглу за новинарите пред Гимних, дводневниот неофицијален состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и земји кандидатки, во главниот романски град, Букурешт.
Чавушоглу нагласи дека дијалогот со Унијата додатно ќе се зајакне и прошири. Тој додаде дека за време на состанокот ќе се дискутира и за политиката на проширување на ЕУ, за Кина и Сирија.
Министерот најави дека во Брисел на 15 март ќе се одржи состанок на Советот на асоцијација на Турција и ЕУ.
Турција поднесе барање за членство во ЕУ во 1987 година, а преговорите за пристапување започнаа во 2005 година. Сепак, преговорите беа прекинати во 2007 година поради приговорите на администрацијата на кипарските Грци за поделениот остров Кипар, како и на опозицијата од Германија и Франција.