Diyar Güldoğan
01 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека каква било странска интервенција во Венецуела не е правилна и ќе го продлабочи проблемот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го кажуваме ова уште од почетокот. Таквите странски интервенции не се здрави и правилни. Тие нема да понудат решение. Ќе го продлабочат проблемот. Не дај Боже, Венецуела дури може да биде вовлечена во граѓанска војна“, изјави Чавушоглу за новинарите во Романија.
Чавушоглу изјави дека земјите треба во прв ред да го доведат дијалогот наместо да заземаат страни.
Тој ги даде овие забелешки еден ден откако Европскиот парламент го призна венецуелскиот опозициски лидер, Хуан Гваидо, за легитимен привремен претседател
Во Венецуела се одржуваат протести од 10 јануари, откога Мадуро положи заклетва за својот втор мандат, по гласањето кое беше бојкотирано од опозицијата.
Тензиите се зголемија кога Гваидо на 23 јануари се самопрогласи за актуелен претседател.
„Никој не треба да врши непочитување на волјата на венецуелскиот народ“, изјави Чавушоглу, осврнувајќи се на изборите кои го донесоа Мадуро на власт.
Тој повика на дијалог и соработка за решавање на проблемот во Венецуела.