Sayed Khodaberdi Sadat
31 Август 2017•Ажурирај: 01 Септември 2017
КАБУЛ (АА) - Авионите на американските сили кои во Авганистан дејствуваат во рамките на НАТО, ги нападнаа позициите на талибанците во Логар, јавува Anadolu Agency (AA).
„За време на нападот, талибанците се сокрија во една куќа, па меѓу смртно настраданите има и цивили“, потврди портпаролот на гувернерот на покраината Логар, Салим Салих.
Како што изјави тој, американските сили извршиле воздуша акција на подрачјето Пил-и Алама, кое е под контрола на терористите.
Салих истакна дека некои талибанци, бегајќи од воздушните напади, се сокриле во куќа во која се наоѓале цивили.
Тој потврди дека меѓу жртвите има и цивили, но не можеше да даде информација за точниот број. Исто така, соопшти дека загинале и двајца високопозиционирани талибански борци.
Локално официјално лице во Логар, Хасибула Естаникзеј, изјави дека во нападот загинале 12 цивили. Очевидците наведуваат дека загинале 13 лица, меѓу кои и девет деца.
Од друга страна, талибанците тврдат дека за време на акцијата е соборен еден американски хеликоптер.