Besar Ademi
26 Јануари 2016•Ажурирај: 27 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Голем број на автошколи во Македонија повторно се собраа пред зградата на Владата на Република Македонија, блокирајќи го патот со своите возила во знак на протест против новиот Закон за автошколите, кој предвидува поставување на камери во автомобилот за време на обуката на кандидатите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според претставниците на автошколите, снимањето на обуката на кандидатите ја нарушува приватноста на граѓаните и, исто така, претставува голем трошок за нивните компании. Повеќето од нив веќе три недели бојкотираат за откажување на новиот Закон, и предупредуваат дека ќе продолжат да го блокираат булеварот пред зградата на Владата, но ако не се преземат мерки, со нивните возила, ќе ги блокираат и другите улици низ градот.
Директорот на авто-школата "Арди", Неџметин Фазлиу, кој веќе три недели бојкотира, истакна дека неговата компанија има големи економски загуби и додаде дека компаниите треба да продолжат да работат без поставување на камери.
"Имаме големи економски загуби, но нашата професионалност ќе продолжи да се покаже. Размислуваме да ѝ дадеме шанса на дипломатијата, бидејќи има разбирање, но работите се движат бавно. Од оваа ситуација на ќор-сокак, ние мора да продолжиме да работиме и да чекаме каков ќе биде исходот", рече Фазлиу.
Претставникот на Здружението на Автошколите во Македонија, Џемил Арифи, изјави дека ако продолжат со работа без поставување на камери, што не е во согласност со новиот закон, тогаш компаниите ќе бидат казнети до нивното завршување.
"Оваа работа не можеме да ја направиме. Затоа, мора да продолжиме непречено да протестираме сè додека не се реши проблемот. Се договоривме утре да дојдеме пак со возилата и да ги оставиме паркирани и да си одиме дома. Следниот ден ќе донесеме повеќе автомобили, ќе ги блокираме и главните крстосници на градот", рече Арифи, додавајќи дека ќе донесат автобуси и камиони.
Инаку, инсталирање на камери во автомобилите на автошколите беше предложено во 2007 година, но неговото спроведување беше одложено за период од три години, а во 2010 година законот беше откажан.