Melda Çetiner Karagöz
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
ТБММ (АА) - Денеска пред Големото народно собрание на Турција (ТБММ) беше поднесен предлогот на Партијата на правдата и развојот (АК парти) за уставни измени, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на пратеничката група на АК партијата Мустафа Елиташ, заедно со членови на пратеничката група го претставија предлогот за уставни измени пред претседателот на собранието на Турција Исмаил Кахраман.
Претседателот на пратеичката група Елиташ, при обраќањето го рече следното: „Пред претседателството на Собранието го предаваме овој предлог кој е потпишан од 316 пратеници, меѓу кои се наоѓа и почитуваниот премиер на Турција. Нека е со среќа за за татковината и народот”.
Претседателот на Собранието земајќи го предлогот изјави: „Нека е со среќа. Посакувам да бидам посредник за добра работа. Тука има 316 потписи. Им честитам са сите кои учествувале во подготовката. Ова е нов почеток за нашата Република, за нашата татковина, започнува ера. Досега имаше 18 измени на Уставот. Ова е 19. измена и суштинска измена... Ги упатувам моите честитки”.
Средбата на Претседателот на Собранието со членовите на парламентарната група на АК партијата продолжи зад затворени врати.
Дел од уставните измени предложени од страна на АК партијата се: „Бројот на парламентарни пратеници да се зголеми на 600. Укинување на предвремени избори, воведување на резервен пратенички систем. Избраниот претседател на државата нема да ја прекине врската со матичната партија. Потребна е поддршка од најмалку 100.000 избирачи за да се биде претседателски кандидат на избори.”