Vesna Besiç
16 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
ПОДГОРИЦА (AA) - Во Црна Гора утрово во седум часот отворени се изборните места на кои гласачите ќе гласаат на четвртите по ред избори од обновувањето на независноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Право на глас на изборите имаат 528.817 граѓани на Црна Гора, кои ќе избираат помеѓу 17 пријавени листи.
За влез во црногорскиот парламент, кој брои 81 пратеничко место, пријавени се 1.129 кандидати.
Избирачките места, кои во Црна Гора ги има 1.207 се затвораат во 20 часот. Изборите ќе ги набљудуваат 1.400 набљудувачи од Центарот за мониторинг (ЦЕМИ) како и набљудувачи на ОБСЕ.
Освен парламентарните денес ќе се одржат и локални избори во четири црногорски општини. Станува збор за Котор, Будва, Андријевица и Гусиње. За изборите во Котор пријавени се 12 листи, а две листи помалку се предадени во Будва. Во Гусиње се предадени осум листи, а во Андријевица седум.
Претходните избори за црногорските пратеници одржани се на 14 октомври 2012 година. Тогаш највеќе мандати-39 освои коалицијата "Европска Црна Гора" (ДПС,СДП,ЛП) која во постизборен сојуз со партиите на малцинските народи обезбеди мнозинство за формирање на Влада.