Ekipa
25 Мај 2018•Ажурирај: 26 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Делегација на Соединетите Американски Држави (САД) денес престојува во Турција, а во рамките на посетата ќе се водат разговори за сириски Мунбич, потврди портпаролот на Министерството за надворешни работи на Република Турција, Хами Аксој, јавува Anadolu Agency (AA).
Аксој, на прес-конференцијата одржана во Анкара, потсети дека поранешниот американски шеф на дипломатијата, Рекс Тилерсон, во февруари ја посетил Анкара, откако е формиран механизмот, и дека на 8 и 9 март е одржан првиот состанок на работната група на тема Сирија.
„Вториот од тие состаноци е денес. Во нашата земја ја пречекавме американската делегација“, изјави Аксој.
Тој порача дека главна тема на денешниот состанок ќе биде сирискиот Мунбич, а конечниот текст на кој работат двете земји ќе биде познат на 4 јуни, по состанокот на министрите за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, и американскиот шеф на дипломатијата, Мајк Помпео, кој ќе биде одржан во Вашингтон.
Аксој се осврна и на нацрт одлуката на американските сенатори, која има за цел да ја блокира продажбата на воени авиони F-35 на Турција. Тој изјави дека таа одлука е поврзана со обидите Турција да се одврати од одлуката за купување на „S-400“ како и да се ослободи свештеникот Ендрју Брансон.
„Поврзно за пограмата F-35, ние ги исполнивме сите обврски. Тоа е секако повеќенационална програма. Многу се јасни обврските на секој од потписниците на овој договор и тие треба да се исполнат. Ваквите чекори се во спротивност со духот на нашите сојузнички односи со САД. Како што изјави и нашиот министер, во случаите на преземање вакви чекори, принудени сме да возвратиме“, порача Аксој.