Halil Demir
25 Мај 2018•Ажурирај: 26 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 51 странски државјани се уапсени во Истанбул, во рамките на акцијата против припадниците на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава АА, полициските тимови на Одделот за борба против тероризмот во Истанбул, добиле дојава за припадници на ДЕАШ кои планираат активности во подрачјето на градот Истанбул.
Покрената е акција во 11 населби во Истанбул, а истовремено е извршен претрес на вкупно 16 адреси. Уапсени се најмалку 51 лице, а станува збор за странски државјани.
Во текот на претресот запленети се и значителни количини дигитален материјал.