Ekipa
12 Март 2016•Ажурирај: 12 Март 2016
ПАРИЗ (AA) – Француската полиција приведе 14 млади активисти од екстремната десница, кои ги запалија гумите и се обидоа да им го блокираат патот на мигрантите во пристаништето Кале за да ги спречат да влезат во центарот на градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Групата со име "Generation Identitaire" во соопштението наведува дека нејзините активисти во сабота преземаа контрола над двата мостови и бараат Европската Унија и националните влади да ги вратат границите.
Од регионалниот оддел на полицијата велат дека 14 лица се повредени и дека е запленет еден камион, со тоа, тврдат, ја покажаа одлучноста на француската влада да "не им се дозволи на екстремичките движења да манипулираат со мигрантската криза".
Кале долго време е привлечно за мигрантите кои, низ Англискиот канал, се обидуваат скришум да дојдат до Велика Британија. Така стана едно од европските жаришта на мигрантската криза без преседан. Илјадници луѓе кои бегаат од сиромаштво и војна на Блискиот исток и во Африка, се собираат во кампот во Кале, кој француските власти сакаат постепено да го демонтираат.