Ekipa
27 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
МАДРИД (АА) - Бројот на лицата кои загинаа во нападите во Барселона и во летувалиштето Камбрилс, кои се случија на 17 август, се зголеми на 16, соопштија каталонските власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Последната жртва на терорисичките напади во Барселона е 51-годишна германска државјанка која почина денес, на Одделот за интензивна нега во болница во Барселона.
Во терористичките напади во Барселона и Камбрилс на 17 август загинаа 14 лица, а неколку дена подоцна во еден автомобил беше пронајдено избодено тело на машко лице, 15. жртва.
Во нападите во Каталонија се повредени повеќе од 120 лица, а 24 сѐ уште се наоѓаат на лекување во болниците.
Одговорност за нападот презеде терористичката организација ДЕАШ.