Alma Arnautovic
26 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
ОСМАК (АА) - При деминирање на теренот во селото Хајвази на подрачјето на општина Осмак кај Калесија утринава дошло до активирање на мина и притоа смртно настрадал еден деминер, додека две лица се повредени, потврди за Anadolu Agency (AA) Александра Симојловиќ, портпаролката на Центарот за јавна безбедност на Бјелина.
Таа соопшти дека загинал А.М (33) од Бегов Хан на подрачјето на општина Жепче, а увид вршат припадниците на полициската станица во Осмак.
„Во моментот на местото се врши увид а за настанот е известен обвинителот”, рече Симојловиќ.
Од болницата во Зворник потврдија дека се примени ранетите деминери а повеќе информации за нивната здравствена состојба ќе бидат познати во текот на денот.
Ова е втора несреќа од ваков вид оваа година во која жртви се деминери. На почетокот на овој месец при деминирање на подрачјето на Путниково брдо, општина Усор, загина еден деминер.