Hakan Çopur
29 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Министерот за правда на Република Турција, Бекир Боздаг, кој престојува во Вашингтон, изјави дека одолговлекувањето околу процесот за испорачување на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, би можело сериозно да ги наруши односите на САД и Турција, и дека она што Осама бин Ладен претставувал за САД, Ѓулен претставува за Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Боздаг во разговорот за АА се осврна на посетата на Вашингтон, како и на состанокот со американската министерска за правда, Лорета Линч, со која разговарал за испорачувањето на лидерот на терористичката организација ФЕТО на Турција.
Тој истакна дека ова бил прв состанок „лице во лице” со американската колешка кога е во прашање процесот на испорачување на Ѓулен.
„Турција до денес во повеќе наврати упатуваше барања за испорачување и привремено апсење за повеќе лице во странство, вклучувајќи ја и Европа. Турскиот министер за правда никогаш порано не го посетил САД поради некое испорачување. Претпоставувам дека ни американскиот министер никогаш не примил некој колега по тој повод. Во таа смисла, јасно е колкава важност Турција му придава на овој процес на испорачување”, изјави Боздаг.
- Ѓулен претставува опасност по Турција и САД -
Тој потсети дека Ѓулен, водачот на теористичката организација ФЕТО која е одговорна за обидот за државен удар на 15 јули, претставува опасност по безбедноста на Република Турција.
„Ѓулен претставува опасност по нашата земја. Истовремено претстаува опасност од нарушување на јавниот ред во САД” , нагласи Боздаг, и додаде дека Турција бара привремено апсење на Ѓулен и забрзување на процесот на испорачување.
Боздаг исто така додаде дека посетата на Вашингтон била и прилика со колегите од САД од прва рака да си пренесат одредени информации во врска со ФЕТО.
„Мислам дека подобро би се разбрале едни со дуги. Од прва рака го повторивме нашето барање за забрзување на процесот на испорачување”, изјави Боздаг.
Тој порача дека Турција од САД не бара да се занемари судската процедура и Ѓулен итно да се испорача, туку тој процес само да се забрза.
„За сега тој процес се одвива споро. Сметаме дека се уште не се направени чекорите кои ги очекувавме”, изјави Боздаг и додаде:
„Документите и барањата за испорачувањето на Ѓулен се преполни со докази. Подвлекувам, во документите се наоѓаат повеќе од доволно докази за тоа дека зад планирањето и изведувањето на државниот удар стои Фетула Ѓулен ” Според неговите зборови, ако на основа на досегашните оставени докази не дојде до испорачување на терористот Ѓулен, тогаш не треба да дојде до тоа на основа на било кои други.
- Одолговлекувањето на испорачувањето ги нарушува односите на двете земји -
Тој исто така нагласи дека одолговлекувањето во процесот на изрекувањето би можело да ги наруши турскo американски односи.
„Во случај процесот да се заврши со негативни резултати ќе дојде до нарушување на односите на двете земји кои ќе биде тешко да се поправат. Тогаш ништо нема да биде како денес, изјави Боздаг, и додаде она што Осама бин Ладен претставува за САД, за Турција тоа истото претставува и Фетула Ѓулен”.
Министерот Боздаг потсети дека САД во периодот помеѓу 2006 и 2016 година на Турција и пратил 10 барања за изрекување.
„Турција во сите 10 случаеви издаде налог за апсење. Меѓу тие 10 лица, девет се уапсени и притворени. Само едно лице не е уапсено, но за него е издаден налог за апсење” , изјави Боздаг.
Исто така, министерот за правда на Турција, Бекир Боздаг, на американската колешка во прилика на средбата и предаде копија од Договорот за меѓусебното право на поддршка, потпишан 1874 година помеѓу Турција и САД.