ЛОНДОН (АА) - Британскиот министер за Европа и САД при Министерството за надворешни работи на Британија, Алан Данкан, рече дека обидот за државен удар на 15 јули претставува „травматично искуство за Турција, за кое Европа доцни со оценката дека таквиот обид беше погрешна иницијатива".
Министерот Данкан во разговор за Anadolu Agency (AA) зборувајќи за обидот за државен удар во Турција кој се случи на 15 јули рече: „Ја согледавме сериозноста и опасноста на обидот за државен удар во Турција. Онака седејќи не можете да кажете 'Седете мирни'. Тоа беше многу опасен и тежок момент за територијалниот интегритет на Турција. Задоволен сум од сочуството и разбирањето кое го даде Британија кон Турција во врска со обидот за државен удар”.
„Обиот за државен удар во Турција се случи на мојот прв ден во министерството за надворешни работи”, рече министерот Данкан, и додаде дека веднаш се сретнал со министерот за надворешни работи Борис Џонсон и премиерката Тереза Меј, на кои им рекол: „Ова е многу важно. Треба да го разбереме тоа. Јас одам таму”.
Министерот Данкан потсети дека по неуспешниот обид за државен удар, трипати ја посетил Турција, додека тоа по еднаш го направиле министерот за надворешни работи Џонсон и премиерката Меј.
„Верувам дека стабилна Турција претставува центар за стабилноста на регионот. Гледајќи ја Турција како единка, таа мора да функционира демократски”, изјави Данкан.
- „Европа е бавна”
Министерот Данкан рече дека Британија ги знае сите детали околу тоа кој стои зад обидот за државен удар во Турција на 15 јули, но постојат „одредени сомневања”. „Се разбира дека Турција овој проблем самата ќе го реши, вие самите ќе го решите тоа”, рече министерот Данкан.
Министерот Данкан додавајќи дека британската влада во периодот на следење на обидот за државен удар на своите колеги во Турција им порачале дека е потребно „да владеат правото и законите”, го истакна следното:
„Се подразбира дека на владата во Турција и упативме пораки барајќи од нив при апсењето на луѓето да бидат сигурни дека станува збор за вистинските лица. Но истовремено Британија, најверојатно само Британија тоа отворено го кажа. Според мене, Европа доцни со оценката дека овој обид за државен удар беше погрешна иницијатива, кој претставува длабоко травматско искуство за Турција”.
Данкан потсетувајќи дека Турција е земја во која измината година имаше на стотици жртви на тероризмот, рече: „Според мене, доколку истовремено не се разгледуваат обидот за државен удар и останатите терористички закани со кои се среќава Турција, тогаш нема да разберете дека наместо седнати во фотелја да и давате лекции на Турција, всушност и вие се наоѓате во иста ситуација. За стабилна, демократска Турција, која е многу значаен и моќен елемент во регионот, потребна е соработка со неа”.
- „Продлабочување на односите”
По Брегзит и одлуката за излез од ЕУ, министерот Данкан рече дека Британија планира да ги продлабочи и развие биалтералните односи и во таа насока доказ за тоа се британските туристи кои како дестинација ја изираат Турција, зголемените економски активности меѓу двете земји и договор кој го потпиша премиерката Меј за производство во одбраната, при нејзината посета на Турција.
- „Не сакаме кога сме раководени”
Истакнувајќи дека излезот на Британија од ЕУ не е со цел таа да ослабе или да се создадат проблеми, Данкан истакна дека на Британија и е потребна силна ЕУ, а потребата за излезот од унијата ја објасни со зборовите:
„Ние организиравме референдум и донесовме одлука за излез од ЕУ. Британија има моќна и горда парламентарна демократија. Владата ја избираме и доколку не ни се допадне, изираме друга. Тоа значи: Колку и да сакаме да соработуваме со останатите земји, не ни се допаѓа кога сме раководени од нив. Поради ова чуство и нелагодноста поради бегалската криза, народот на Британија гласаше за излез од ЕУ”.
„Не ја напуштаме Европа, ние го напуштаме политичкиот клуб”, изјави Данкан и продолжи со зборовите: „Местото на картата е исто. Сакаме да ја продолжиме соработката со ЕУ, всушност сакаме да соработуваме со целиот свет. Ние сме 'глобални Британци'. Не ги затвораме вратите”, рече министерот Данкан.
Данкан кој рече дека сакаат да соработуваат на повеќе полиња, како што се трговијата и индустријата за одбрана, истакна: „Ќе останеме како дел од Обединети нации, П-5, Г-7, Г20, НАТО. Британија нема да се намали, нема да се изолира, ќе стане независна и различна. Ќе се отвори кон светот, повеќе отколку како членка на ЕУ”.
- „Турција сама ќе одлучи дали ќе и се приклучи на ЕУ”
Министерот Данкан рече дека секоја земја има различни очекувања од членството во ЕУ. „Германија кон ЕУ како членство кое им дава безбедност, сигурност, комфор и уставна стабилност, структура која им овозможува со соседните да воспостават мирна соработка. Ние ЕУ го почуствуваме како закана на нашата независност и парламентарен суверенитет”.
„Членството во ЕУ изискува одредени отстапки. Од една страна слободна трговија, слободно движење, кое носи пристап до пазарите. Можете да седнете на заедничка маса со сите останати членки на ЕУ. Тоа ќе ви ги зацврсти вашите цели. Од друга страна, постои Европскиот парламент и Европската комисија. Понекогаш ожат да побараат 'Работите е потребно на овој начин да ги направите'. Стандарди, прописи, пправила на производство, конкурентната политика... Затоа, дали тоа е добро за Турција или не е, таа самата ќе си доенсе одлука. Моја препорака е да продолжи со разговорите, да напредува, да биде ангажирана. На крајот Турција и ЕУ ќе бидат во можност да кажат 'Во ред, доколку сакате можете да го направите тоа. Дали сакате?' Тоа ќе биде е ваше национално право”, рече министерот Данкан.
- Период на Брегзит
Во јуни минатата година на референдумот Брегзит, Британија со 52 отсто пдлучи да излезе од Европската унија. По референдумот оставка поднесе премиерот Дејвид Камерон, кој водеше кампања за останок на Британија во ЕУ. Него на премиерската позиција го замени Тереза Меј
Алан Данкан кој во владата на Камерон беше мисинитер одговорен за меѓународен развој, во владата на Меј е министер во министерството за надворешни работи, одговорен за Европа и САД.
Данкан во 2005 година му беше конкурент на Камерон за лидерска позиција во Конзервативната партија, но подоцна ја повлече кандидатурата. На 21 јули министерот Данкан ја посети Турција и беше првиот европски министер кој ја посети Турција по ободит за државен удар.
Се очекува пред крајот на март, да се активира членот 50. за излез на Британија од ЕУ. Според овој член за излез на земјите-членки од унијата, по неговото активирање се очекува Британија да излезе од Унијата во период од 2 години.
Владата на Меј, последните месеци започна дипломатска офанзива насветско ниво, со цел да ги зацврсти билатералните односи и барања за потпишување на договори за слободна трговија.
news_share_descriptionsubscription_contact
