Fatih Hafız Mehmet
07 Јануари 2019•Ажурирај: 08 Јануари 2019
САМСУН (АА) - Најмалку шест лица загинаа во бродоломот што се случи утринава во Црното Море, а турските спасувачки екипи ги спасија останатите седум членови на екипажот, јавува Anadolu Agency (AA).
Товарниот брод кој пловеше под знамето на Панама потона утрово во водите на Црното Море, на околу 80 милји од турскиот крајбрежен град Самсун.
Турската крајбрежна стража пристигна на местото на бродоломот и спаси седуммина членови на екипажот, кој броеше вкупно 13 лица.
Гувернерот на Самсун, Осман Кејмак, соопшти дека спасувачките екипи ги извлекле телата на сите шест загинати членови на екипажот.
Потонатиот брод пренесувал јаглен, а за време на бродоломот се преполови на два дела.