Aişe Hümeyra Bulovalı
07 Јануари 2019•Ажурирај: 08 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Каналот на арапски јазик на Турската радио-телевизија (ТРТ) денеска влегува во нов период на работа со измени во уредувачката политика и отворање на нови претставништва во повеќе земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Основан на 4. 4. 2010 година со цел да емитува програма за околу 350 милиони луѓе, овој канал доживеа неколку измени во текот на својата работа. ТРТ на арапски јазик, покрај претставништвата во Ерусалим Багдад, Бејрут, Оман и Каиро, ќе има свои претставништва и во Лондон, Москва и Вашингтон, со цел екипите на ТРТ на арапски јазик да ги следат директно настаните во светот.
Овој канал планира развој и на полето на дигитална платформа, во согласност со модерните технологии на денешницата.
Каналот, кој ќе биде воден од Ресул Сердар Аташ, ангажираше новинарски екипи во 21 арапска земја.
ТРТ на арапски јазик, покрај стандардната информативна содржина, ќе емитува и бројни документарни филмови наменети за целното говорно подрачје.