Bayram Altuğ
23 Октомври 2017•Ажурирај: 23 Октомври 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека бројот на араканските муслимани кои од 25 август пристигнаа во Бангладеш, бегајќи од насилствата во Мјанмар, надмина 600 илјади лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), Дунија Аслам Кан, во изјава за АА истакна дека сѐ уште пристигнуваат бегалци од мјанмарската област Аракан во Бангладеш.
Кан пренесе дека бројот на араканските муслимани кои од 25 август пристигнаа во Бангладеш, бегајќи од насилствата на мјанмарската војска и будистичките фанатици, достигнал до 603 илјади лица.
Портпаролот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Џоел Милман, минатиот петок соопшти дека бројот на араканските муслимани кои од 25 август пристигнале во Бангладеш достигнал до 589 илјади лица. Тој истакна дека бегалците во тешки услови се борат да преживеат.