Zehra Ulucak
29 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Бројот на загинати во пожарот што не може да се стави под контрола во американската сојузна држава Калифорнија се искачи на пет лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“, во пожарите загинале уште три лица односно две деца и нивната баба, со што вкупниот број на жртви досега се искачи на 5 лица, а шест лица сè уште се водат како исчезнати.
Пожарот кој избувна во понеделникот зафати површина од околу 200 километри квадратни и сè уште е активен, додека само 5 отсто од пожарот е ставен под контрола.
Над 3.400 пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарот.
Властите претходно соопштија дека во пожарите загинале две лица, а осум се повредени.
Беше истакнато дека над 500 објекти се оштетени, додека 37.000 лица се евакуирани во безбедни зони.
Во операциите за гаснење на пожарот вклучени се и авиони, а сè уште е во тек вонредната состојба во регионот.