Murat Karadağ
13 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
АНКАРА /ТЕХЕРАН (АА) - Иранската новинска агенција „Fars“ (Фарс) објави дека бројот на загинатите во Иран како последица на земјотресот што се случи вчера се искачи над 400 лица, а 7.000 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на земјотресот беше лоциран околу 32 километри југозападно од Хaлебџе во близина на иранската граница и 103 километри југоисточно од градот Сулејманија, на длабочина од 33 километри, а се случи синоќа, во 9.18 часот по локално време, според Геолошкиот топографски институт на САД.
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи, го изрази своето сочувство до иранскиот народ, особено до ожалостените семејства на загинатите во земјотресот.
„Со длабока тага ја примив трагична вест за земјотресот, којшто резултираше со смрт и повреди на нашите драги сонародници, предизвикувајќи голема штета“, објави Хаменеи на „Twiter“ (Твитер).
Од кабинетот на гувернерот на Керманшах се вели дека во покраината ќе биде прогласена тридневна жалост.
Заменик-гувернерот на Керманшах претходно објави дека бројот на жртвите изнесува 129, а околу 1.000 се повредени.
Иранскиот претседател Хасан Рухани рече дека го назначил потпретседателот Ешак Јахангири да ги мобилизира сите капацитети за помош на жртвите од земјотресот.
Во меѓувреме, од ирачкото Министерство за внатрешни работи се вели дека загинале седум лица, а 321 се повредени во северен Ирак.
Според ирачките медиуми, земјотресот уништил згради во одредени области во Киркук и Сулејманија.
По земјотресот следуваа десетици дополнителни потреси со магнитуда од 3,1 до 4,1.
Оштетени се телефонските линии, интернет-врските и далноводите во неколку градови и села.
„Земјотресот, исто така, уништи голем број згради во руралните области и предизвика пукнатини на ѕидовите во селата и градовите околу 122 километри западно од градот Керманшах“, објави Фарс.
Земјотресот, исто така, беше почувствуван во југоисточните и источните региони на Турција, вклучувајќи ги областите Дијарбакир, Батман, Мардин, Хакќари, Ван, Муш и во Ширнак.
Тој исто така беше почуствуван и подалеку, како во Кувајт, Сирија, Либан и во Пакистан.
Претходно иранската новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на изјавите на локалните официјални лица, соопшти дека во земјотресот се повредени 5.953 лица.
Првиот заменик на иранскиот претседател Ешак Џахангири изјави дека поголем дел од објектите се урнати во иранската покраина Керманшах, изградена со државни средства.
Џахангири изјави дека не разбира како споменатите објекти биле толку неиздржливи и изрази жалење поради настанатата ситуација. Според неговите зборови, Министерството за патишта и урбанизам на Иран треба да спроведе истрага. Џахангири изјави дека земјата ги ставила сите ресурси на располагање за да му се помогне на погоденото население, а претседателот на Иран, Хасан Рухани, утре ќе го посети подрачјето погодено од земјотресот.
Станбените објекти оштетени или срушени во земјотресот се дел од државниот проект за станбено згрижување „Мехр“, наменет за лица со послаба имотна состојба, започнат за време на мандатот на поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад.
Јавноста честопати го критикуваше квалитетот на изградените објекти. Според последните информации што ги споделија официјалните преставници на Ирак, во близина на гранцата со Иран животот го загубиле 7 лица, а 425 се повредени.