Ahmet Gürhan Kartal
24 Јануари 2019•Ажурирај: 25 Јануари 2019
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија и Франција му дадоа директна поддршка на лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гваидо, кој се прогласи за претседател на државата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Претседателските избори во Венецуела одржани во 2018 година не беа ниту слободни ниту фер избори, па основите на режимот за поседување моќ се многу погрешни“, изјави денес портпаролот на британската премиерка Тереза Меј.
„Ние целосно го поддржуваме демократски избраното Национално собрание со Хуан Гваидо како негов претседател“, додаде тој.
Портпаролот на Меј, исто така, рече: „Во однос на САД, сметаме дека е целосно неприфатливо Венецуела да ги прекине дипломатските односи. Решението за оваа криза се наоѓа во работењето на изнаоѓање мирно и дипломатско решение, а не за протерување.“
И францускиот претседател Емануел Макрон денес упати поддршка за венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо.
На социјалната мрежа Твитер Макрон напиша: „По нелегитимните избори на Николас Мадуро во мај 2018 година, Европа го поддржа повторното воспоставување на демократијата. Ја поздравувам храброста на стотици илјади Венецуелци кои маршираат за својата слобода.“
Поддршката на Велика Британија доаша во момент на кризата во Владата во Каракас, каде што лидерот на Националното собрание, Хуан Гваидо, вчера самиот се прогласи за претседател на Венецуела, чиј потег веднаш беше признаен од страна на САД.
Во Венецуела траат протести од 10 јануари, кога Мадуро положи заклетва за вториот мандат, по гласањето кое беше бојкотирано од страна на опозицијата. Неколку јужноамерикански држави, Русија и Турција ја изразија својата солидарност со Мадуро.
Заедно со САД, опозицијата на Венецуела во преземањето на власта ја поддржаа и Бразил, Организацијата на американски земји, Аргентина, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Еквадор, Гватемала, Панама и Парагвај, додека Боливија и Мексико продолжуваат да го поддржуваат Мадуро.
Мадуро ја критикуваше одлуката на Трамп за признавање на опозицискиот лидер за претседател, и рече дека неговата земја ги прекинува дипломатските односи со САД, давајќи им на американските дипломати 72 часа да ја напуштат земјата
Тој долго време ги обвинува САД дека водат економска војна и политичка кампања против него и неговата влада.