Tayfun Salcı
15 Септември 2017•Ажурирај: 16 Септември 2017
ЛОНДОН (AA) - Британската премиерка Тереза Меј во врска со нападот во лондонското метро, во кој се повредени 22 лица, истакна дека целта на нападот, како што рече, беше да се нанесе „значителна штета", јавува Anadolu Agency (AA).
„Целта беше да се нанесе значителна штета", рече Меј пред новинарите по вонредниот состанок на Владата со кој претседаваше.
Нагласи дека полицијата утврдила дека нападот, кој го нарече „кукавички" е изведен со бомба за рачна изработка.
Истакна дека во овој момент нема да го зголемува нивото на терористичка закана и дека ќе остане на ниво на „сериозно".
Додаде дека поради нападите на улиците на Лондон ќе биде зголемен бројот на оружени припадници на полицијата.
Британската премиерка напомена и дека полицијата спроведува опсежна истрафа во врска со денешниот напад, како и дека се обидуваат да го дознаат идентитетот на одговорните лица.
Во експлозијата на рачно изработена бомба во лондонско метро, повредени се 22 лица од кои ниту едно не е животно загрозени, соопштија службите.
Британската полиција инцидентот на западот на Лондон го третира како „терористички акт", пети во оваа земја од почетокот на годината. Службата за јавно здравје објави дека вкупниот број на повредени според достапните информации достигна 22 лица.
До експлозијата дојде утрово на станицата Парсонс Грин, во западниот дел на главниот град на Велика Британија. По експлозијата избувна пожар, а на местото на настанот беа упатени повеќе екипи на брза помош и противпожарни служби.