БЕЈРУТ (АА) - Саудиските медиуми објавуваат вести против тврдењата без основа и интензивните обвинувања во меѓународните реакции околу саудискиот новинар Џамал Кашоги кој исчезна откако на 2 октомври влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Последователните остри критики, особено на западниот свет околу случајот со Кашоги, предизвикаа забуна во саудиските медиуми.
Медиумите кои се под контрола на власта во оваа земја, брзаат да ги отфрлат откриените докази околу случајот, иако сѐ уште не објавија вести со поднесени контрадокази.
Од друга страна, на саудиските медиуми се објавуваат голем број вести кои имаат за цел покривање на одговорноста на властите околу случајот.
Саудискиот весник со најголем тираж „Ријад“ (Riyad), во вест објавена со наслов „Уривање на медиумот“, тврди дека Саудиска Арабија е директна цел на вестите објавени во меѓународните медиуми околу исчезнувањето на Џамал Кашоги откако влезе во саудискиот Конзулат во Истанбул.
Во веста се тврди дека весникот „Њујорк тајмс“ (New York Times), со некои вести чиј извор не е потврден, следи една непријателска политика кон Саудиска Арабија.
Од друга страна, новинарката Маџиде ес Сувеих, во вест објавена пред извесно време, напиша дека сите корисници на социјалните мрежи кои коментираат околу случајот со Кашоги, се сомнителни профили блиски со Катар, Иран и Турција.
Сувеих тврди дека она што ги загрижува е тоа што една значајна новинска агенција како „Ројтерс“ (Reuters) објавува вести против Саудиска Арабија, базирајќи се на неизвесни извори. Сувеих напиша дека весниците како „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“ побрзале со објавување на вестите за тврдењата на Катар.
Локалниот дневен весник на Саудиска Арабија, „Сабк“ (Sabq), во врска со случајот со Кашоги, на 11 октомври објави статија под наслов „Саудиска Арабија е цел на медиумите. Дали „Вашингтон пост“ се поклони пред катарскиот ријал“.
Во статија напишана од страна на Бедр ел Утејби, се тврди дека американскиот весник „Вашингтон пост“ (Washington Post) е купен од страна на катарското лоби, и дека овој весник со приказните кои ги пренесува од неизвесните турски извори, се претвори речиси во тенк кој ја напаѓа Саудиска Арабија.
Од друга страна, тема на исмејување беше она што ТВ-каналот со седиште во Дубаи, „Ал Арабија“ (Al Arabiya), кој е финансиран од страна на Саудиска Арабија, ги нарече како „туристи“ 15-те саудиски државјани кои влегоа во саудискиот Конзулат во Истанбул неколку часа откако Кашоги беше исчезнат.
Карл Билдт, кој претходно ги вршеше функциите премиер, а потоа и министер за надворешни работи на Шведска, се потсмева со тврдењето „турист“: „За жал ’саудиските туристи‘, без да најдат можност да ги посетат местата во Истанбул, се вратија назад со нивниот џет неколку часа откако влегоа во саудискиот Конзулат.“
Телевизискиот канал „Ал Арабија“ во своите вести пренесе дека турскиот професор Емре Услу, бегалец на терористичката организација ФЕТО кој живее во американската сојузна држава Вирџинија, даде лажни изјави околу случајот со Кашоги.
Овој ТВ-канал, изјавите на припадникот на ФЕТО, Услу, во вест која ја објави на својата интернет-страница на англиски јазик, ги објави под наслов „Турскиот професор не ги смета за точни осудувањата против саудиските туристи“.
„Ал Арабија“ исто така тврди дека овој случај е монтиран, и дека зад случајот со Кашоги се наоѓаат ТВ-каналот „Ал Џезира“ (Al Jazeera), со седиште во Катар, и Муслиманското братство „Ихван“, кое е прогласено за терористичка организација од страна на Саудиска Арабија.
Од друга страна, во колумна на Халид Ташкенди, објавена во саудискиот весник, „Сауди газет“ (Saudi Gazette) кој се објавува на англиски јазик, се тврди дека откако Кашоги исчезна во Истанбул, катарскиот режим и агентите на „Ихван“ започнале кампања со лажни вести против Саудиска Арабија.
Во колумната се тврди дека Турција не е безбедна за саудиските туристи, и дека се вложува напор да се искривува случајот.
Саудиските медиуми не избегнуваат да го покажат како цел Туран Кишлакчи, претседател на Здружението на турско-арапските медиуми (TAM), кој ги брани правата на новинарите.
Покрај Кишлакчи, и свршеничката на Џамал Кашоги, Хатиџе Џенгиз, беше цел на саудиските медиуми.
Меѓу другото, на саудиските медиуми се објавија вести дека Кашоги не се сретнал со неговата свршеничка, и дека таа е всушност припадник на „Ихван“ под маска на жена, а дека фотографиите од неговото влегување во Конзулатот се монтажа.
- „Свршеничката на Џамал Кашоги е припадник на „Ихван“, под маска на жена“
Најневеројатното коментирање дојде од саудискиот спортски коментатор Салих ел Хамади, кој во една објава на социјалните мрежи тврди дека Хатиџе Џенгиз, свршеничката на исчезнатиот новинар Кашоги, е всушност „припадникот на „Ихван“, Мухамед Махшуб“.
Хамди ги сподели фотографиите на Хатиџе Џенгиз, и на лицето кое вели дека личи на Џенгиз. „Бегалецот припадник на „Ихван“, Мухамед Махшуб, повторно се откри со името Хатиџе Џенгиз скриен под женска облека. Тој користи шминки и пудра за да се скрие себеси“, напиша тој.