Вељаноски: „Потребни се почит, разбирање и единство на политичките структури”
„Љубовта кон татковина не познава етничко потекло или верска припадност. Оваа лекција, преку Аголи треба постојано да нè потсетува дека меѓуетничките односи се сржта на Македонијa”, изјави ВелјановскиBesar Ademi
02 Август 2016•Ажурирај: 03 Август 2016
SkopjeСКОПЈЕ (АА) - Република Македонија денеска ја одбележува прославата по повод двата Илиндена - „113-годишнината од Илинденското востание“ и „72-годишнината од Првото заседание на АСНОМ” (Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија), јавува Anadolu Agency (АА).
По овој повод, делегацијата на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот Трајко Вељаноски, делегации од Владата, политички партии, локалната самоуправа и други, положи цвеќиња на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“, на споменикот на Никола Карев пред Собранието и на споменикот на претседателот на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто во центарот на Скопје.
Претседателот на Собранието Трајко Вељановски, во својот поздравен говор пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, повика на единство и сплотеност и истакна дека за Република Македонија приоритет останува членството во НАТО и во Европската Унија (ЕУ) и севкупниот развој на земјата. Тој ја истакна потребата за почит, разбирање и единство на политичките структури зад големата идеја на Македонија.
„Тие не смеат да бидат непријатели и мораат да бидат конкуренти кои имаат иста цел. Македонија е нашата заедничка цел. Предолго народот е заложник на една ваква непринципиелна политика“, рече Вељаноски осврнувајќи се на актуелната политичка криза во земјата.
Вељаноски во својот говор го спомена и Неџат Аголи, нарекувајќи го голем симбол на вториот Илинден. Тој, како што рече, се борел за правда и соживот.
„Љубовта кон татковина не познава етничко потекло или верска припадност. Оваа лекција, преку Аголи треба постојано да нè потсетува дека меѓуетничките односи се сржта на Македонија. Во историјата остануваат забележани безбројни дела кога рамо до рамо Mакедонците, Aлбанците, Tурците, Ромите, Бошњаците и сите други ја бранеле државата“, порача Вељаноски.
Во меѓувреме, премиерот Емил Димитриев, присуствуваше на централната церемонија на Мечкин Камен во Крушево, каде што се наоѓа гробот на Никола Карев, кој на 2 август 1903 година ја прогласи Крушевската Република и стана нејзин претседател. Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов присуствуваше на церемонијата во меморијалниот комплекс на АСНОМ во селото Пелинце во Куманово.