İdris Okuducu
29 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
ЕРБИЛ (АА) - Претседателот на Регионалната влада на ирачките Курди (IKBY), Месут Барзани во премиерскиот дом во градот Салахадин во Ербил, го пречека Вицепремиерот на САД, Џо Бајден и неговата делегација, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение од страна на Кабинетот на Барзани, се вели дека на средбата станало збор ослободување на Мосул од рацете на терористичката организација ДАЕШ, иднината на градот, и последните настани во борбата против терористите во Ирак и Сирија.
Во соопштението на Бајден се вели дека им се заблагодарува на Барзани за цената која што ја платија единиците на Пешмергите и политиката на заштита на стабилноста во политичкиот процес.
Претседателот на IKBY Барзани, им се заблагодари на САД за дадената воената и финансиска помош на единиците на Пешмерги во уривањето на диктаторскиот режим и борбата против тероризмот.
Во соопштението се наведува дека на средбата Бајден и Барзани во разговарале за иднината на областа која ја контролира терористичката организација ДАЕШ и политичките барања на Ирак во тој период.
На средбата Бајден-Барзани, биле достапни и специјалниот претставник на претседателот Обама, Брет МекГурк и американскиот амбасадор во Багдад, Стујард Џонс.
Вицепремиерот на САД, Џо Бајден, вчера во Ирак се сретна со премиерот на Ирак, Хајдар ел-Ибади и претседателот на парламентот, Селим ел-Џубури.