Hakan Çopur
24 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - На панел во Соединетите Американски Држави (САД) учествуваше експерот за Блискиот Исток, Мајкл Доран, кој ги критикуваше САД што барајќи воспоставување на нов систем во Сирија, наместо со Турција соработуваат со терористичката организација ПЈД/ПКК. „Уште од времето на Обама, се зборува дека ПЈД е поразличен од ПКК. Сигурно се залажуваме себеси. Постоењето на подвоеност не можете да му ја објасните на ниту еден Турчин”, јавува Anadolu Agency (AA).
Институтот Хадсон со седиште во Вашингтон организираше панел на тема „Турците, Курдите и изнаоѓање на нов систем во Сирија” на кој учествуваа Мајкл Доран, виш експерт од Институтот Хадсон и Ерик Браун.
На панелот, говорејќи за операцијата „Маслинова гранка“, Доран истакна дека САД водат погрешна политика во Сирија.
- „Сигурно се залажуваме себеси” -
Експертот Доран во своето обраќање ја даде следната проценка: „Во моментов прашањето за ПЈД/ПКК е најголемиот проблем меѓу Турција и САД. Доколку овој проблем се отстрани, многу нешта ќе бидат полесни. Уште од времето на Обама, се зборува дека ПЈД е поразличен од ПКК. Сигурно се залажуваме себеси. Постоењето на подвоеност не можете да му ја објасните на ниту еден Турчин“.
Доран оцени дека не е можно остварување на интересите на САД на Блискиот Исток без да се земат предвид виталните интереси на Турција.
„Турција е еден од нашите најважни партнери во регионот. Доколку ја отуѓиме Турција, ситуацијата може да оди на полошо. Денес се обидуваме да извлечеме еден стратешки резултат од крајно краткорочниот пристап на Барак Обама“.
- „Ја вооружи ПКК во Сирија” -
Експертот за Блискиот Исток, Мајкл Доран го рече следното:
„Обама во борбата против ДЕАШ во Сирија, наместо со Турција, и покрај сите противења од Анкара, се одлучи да соработува со ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичката терористичка организација ПКК. Тука нема да правам игра со зборови: Донесе одлука да ја вооружи ПКК во Сирија, што доведе до сериозни последици“.
Доран истакна дека ПКК има добри односи со Иран и Русија, и доколку САД ја напуштат Сирија, тогаш ПЈД/ПКК автоматски ќе премине кон Иран и Русија.
„Немаме друга опција освен да останеме во Сирија, но ние за партнер го избравме елементот кој нема да биде единствен и најважен дел од иднината на Сирија. Треба да соработуваме и со останатите партнери. Доколку не соработуваме и со останатите партнери, тогаш ќе ги отуѓиме Турците”, рече Доран, додавајќи дека на САД не им преостанува друг избор, освен да бидат посредник меѓу Турција и сириските Курди. Доран смета дека во спротивно, сите случувања на теренот ќе ѝ припаднат на Москва.
- „Не бевме искрени кон Анкара” -
Мајкл Доран, на панел дискусијата истакна: „Турците велат ‘Обама ни вети дека ПЈД нема да го премине западниот брег на реката Еуфрат’. Јас им верувам. По тоа прашање мислам дека не бевме искрени кон Анкара. Не постои причина тие (ПЈД) да бидат во Африн и на некои други места на кои војуваат во моментов“.
„Околу воспоставувањето ред во Сирија, многу повеќе посакував наместо со сириските Курди да соработувавме со Турците, но изборот е направен и часовникот не можеме да го вратиме назад”, беше одговорот на Доран на едно поставено прашање на панелот.