Abdulselam Durdak
04 Април 2018•Ажурирај: 05 Април 2018
ФРАНКФУРТ (АА) - Гимназијата „Urselbach“ во Германија, поврзана со терористичката организација ФЕТО, е затворена поради финансиски проблеми, јавува Anadolu Agency (AA).
„Urselbach Gymnasium“ се наоѓа во местото Оберурсел близу Франкфурт, а со работа прекина во почетокот на оваа година.
Причините за затворање на училиштето во близина на Франкфурт се повлекувањето на спонзорите, незаинтересираноста на учениците и неможноста за плаќање на обврските.
Управата на училиштето на 1 март до регионалниот суд во Бад Хамбург поднесе барање за прогласување на стечај.
На зградата на училиштето беше објавен оглас за продажба на училиштето, а продажбата на зградата ја спроведува локална Агенција за недвижнини.