ДЕНИЗЛИ (АА) – МУСТАФА ДЕГИРМЕНЏИОГЛУ
Во истражувањата спроведни во Денизли, откриени се 14 разни фосили на разни животни за кои се проценува дека живееле пред 2 - 9 милиони години. Научниците следната година ќе истражуваат за диносаурусите кои живееле пред 65 милиони години.
Екипа од 14 научници, палеоантрополози, палеонтолози и геолози од Универзитетот „Анкара“, Универзитетот „Хитит“, Универзитетот „Памуккале“, од Природонаучниот музеј „Париз“ и од кинескиот Палеонтолошки институт, предводени од Ахмед Ихсан Ајтек од Факултетот за уметности и науки, од Катедрата за антропологија при Универзитетот „Мехмет Акиф Ерсој“ од Бурдур, продолжуваат со истражувањата започнати минатата година во Денизли.
Во истражувањата реализирани во различни области откриени се фосили кои им припаѓаат на 14 различни животни што живееле во подрачјето пред 2 до 9 милиони години.

Проф. д-р Ајтекин, во разговор за Anadolu Agency (AA), истакна дека во Анадолија, која се наоѓа на раскрсницата на трите континенти, има многу фосили од луѓе и животни, кои живееле низ историјата.
Ајтек потсети дека во 2002 година, од страна на членот на нивната екипа, проф. д-р Џихат Алчичек, во Денизли е откриен првиот хомо еректус (homo erectus), фосил на Турција.
„Фосилот, кој припаѓа на човек, живеел пред најмалку 1,2 милиони години. Затоа, со работата се концентриравме во Денизли. Истражувањата ги започнавме минатата година. Оваа година беше многу продуктивна. Во Денизли откривме фосилни остатоци од 14 различни животни. Откривме многу значајни фосили на животни кои ќе придонесат за откривање на историјата на областа“, нагласи Ајтек.
Ајтек истакна дека овие фосили може да се проценат во два различни периода. Според него, првиот период, наречен „миоценски“ (miyosen), започнал пред околу 23 милиони години, а завршил пред 5 милиони години.
Според Ајтек, миоценските фосили биле откриени во областа Чал, Тавас и Бејагач во Денизли.
„Од фосилите откриени се две жирафи пониски од денешните, но со поголема килажа, два различни носорога слични на денешните, два мали коња, две хиени, едната поголема од нивната сегашна форма, исто така откриен е фосил од слон, различен од денешните, но морфолошки личи на денешните нилски коњи. Покрај нив, откривме и три животински фосили од рогати животни. Двата од нив личат на денешните антилопи. За третиот, за видот на кој припаѓа ќе откриеме наскоро. Овие фосили живееле пред 9 - 7 милиони години", рече Ајтек.
Ајтек нагласи дека вториот период е кога луѓето почнале да се шетаат по земјата, а овој период се нарекува „плеистоцен“. Тој, исто така наведе дека при истражувањата во областа Чамели, во еден локалитет повторно откриен од професорот Џихад, пронајдени се фосили од коњ и лисица.
Ајтек, наведувајќи дека фосилите се видови кои претходно не се забележани во западна Анадолија, рече: „Особено фосилот од лисица е многу значаен, од аспект на тоа што е еден од најстарите фосили откриени во Анадолија. Кога ќе ја погледнеме историјата на фосилите, ќе видиме дека живееле пред околу 2 милиона години.“
- Траги на животот на диносаурусите
Ајтек рече дека изданието за откриените фосили се подготвува од страна на палеонтолог, проф. д-р Сердар Мајда, од Природонаучниот музеј при Универзитетот „Еге“.
Ајтек, истакнувајќи дека за истражувањата за фосилите планираат да ја запознаат и светската наука, нагласи дека со истражувањата ќе продолжат и во 2019 година, како и тоа дека ќе се истражува за период од пред 65 милиони години.
„Историјата од пред 65 милиони години, исто така е период кога диносаурусите биле избришани од светот. Затоа во 2019 година, во Денизли ќе ги истражиме трагите за диносаурусите. Трагите од животот на диносаурусите, исто така, ќе ги бараме на периодична основа“, рече Ајтек.
Проф. д-р Џихад Алчичек, од Геолошкиот факултет при Универзитетот „Памуккале“ рече дека првиот човечки череп на фосил пронајден во Турција, окриен во 2002 година, предизвикал голем интерес кај националната и меѓународната заедница.
Тој, потсетувајќи дека во истражувањата започнати минатата година откриени се нови фосили, истакна: „Се надевам дека со истражувањата ќе откриеме нови сознанија за историјата на човекот во Анадолија.“