Sibel Uğurlu
07 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
АНТАЛИЈА (АA) - Археолозите откриja коски на големо животно старо 350.000 години за време на ископувањата во пештерата Караин, во турската јужна област Анталија, јавува Аnadolu Agency (AA).
„Откривме ребрa, заби и скелетни коски на големи цицачи“, истакна професорот Харун Ташкиран од Одделот за археологија при Универзитетот во Анкара.

„Оваа година откривме коска од колк на огромно животно, вилица и заби. Сметаме дека коската со должина од 50 сантиметри датира од пред околу 350.000 години“, изјави за АА, раководителот на ископувањата во пештерата Караин, Ташкиран.
„Тоа не е (научно) докажано, но овие коски може да припаѓаат на слон, носорог или на нилски коњ. Не го знаеме видот; ќе пристигнат експерти да го детерминиираат тоа“, рече Ташкиран, додавајќи дека тие наишле на коски и од други животни во истата област.

„Како и при другите ископувања на пештери, ископаната земја се носи до ископувачката куќа со кофи за да се измие, а потоа поминува низ три различни методи на просејување“, рече Ташкиран. „Секое нешто што ќе се пронајде, па дури и најситните (остатоци), ни овозможуваат пристап до нови информации за минатото“.
Ташкиран го истакна значењето на ископувањата во пештерата Караин во однос на откривањето на историјата на Анталија и Анадолија.
„Благодарение на ископувањата во пештерата Караин, ние ја забележавме историјата на Анталија до пред 500.000 години. Овде има остатоци стари околу 500.000 години. Неандерталските коски на раните луѓе не биле откопани од таа пештера. Поради таа причина, оваа пештера е навистина важна за Турција“.