Hüseyin Ordulu
26 Декември 2018•Ажурирај: 26 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку три лица загинаа, а 40 се повредени во двете автобуски несреќи што синоќа и утринава се случија во близина на Анкара, која е погодена од обилни снежни врнежи, јавува Anadolu Agency (AA).
Патнички автобус се преврте утринава во подрачјето на Шерефликочхисар кај Анкара.
Според првичните информации, во несреќата се повредени најмалку 20 лица, а надлежните амбулантни и полициски екипи се на местото на несреќата.
Слична несреќа се случи и доцна синоќа во областа Киршехир, југоисточно од главниот турски град.
При превртувањето на автобус во Киршехир животот го загубија најмалку три, а повредени се 20 лица.
Внатрешноста на Турција е зафатена од обилни снежни врнежи и голомразица, а најтешко погоден регион е Анкара.
Во главниот град на Турција поради снежните бури е одложена наставата и се затворени некои од патиштата.