Halil Demir
20 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 17 лица се уапсени во операција на турската полиција во Истанбул. Станува збор за странски државјани кои се сомничат за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава АА, полициските тимови од Одделот за борба против тероризмот започнале акција за апсење на лица за кои постои сомнение дека се поврзани со ДЕАШ, и дека планираат напад во Турција.
Во текот на претресите извршени истовремено на шест различни адреси, уапсени се најмалку 17 странски државјани.
Полицијата во текот на претресот запленила и голем број документи и дигитален материјал.
Криминалистичката обработка е во тек.