Michael Sercan Daventry
04 Февруари 2016•Ажурирај: 04 Февруари 2016
ЛОНДОН (AA) – Лидерите на владите, невладините организации и членови на цивилниот сектор денес ќе се состанат во Лондон, каде ќе се одржи донаторска конференција за помош на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Намерата на еднодневната конференција е да се соберат што повеќе парични средства за помош на оние кои се погодени со војната во Сирија. Заеднички домаќин на собирот се Велика Британија, Германија, Норвешка, Кувајт и Обединетите нации.
Во текот на разговорите, кои ќе ги отвори британскиот премиер Дејвид Камерун, учесниците ќе бидат повикани да издвојат нови средства за оние кои се погодени со сириската војна, а тоа ги вклучува и нивните соседи и зоните на судири
На конференцијата ќе се разговара и за начините за создавање на услови за вработување и образување на луѓето кои биле присилени да отидат далеку од своите домови.
Турција, која прифати највеќе сириски бегалци, повеќе од два милиони, на конференцијата ќе ја претставува премиерот Ахмет Давутоглу.
За Џастин Грининг, британската државна секретарка за меѓународни односи, конференцијата е идеална прилика сите донатори да се соберат под еден кров.
„Она што досега сме го направиле едноставно не е доволно. Поради тоа, оваа конференција мора и може да пронајденови средства од целиот свет. Не само да ги задоволиме моменталните потреби на луѓето кои се погодени со сириската криза, туку да ги задоволиме нивните потреби кои се на подолг период. Имаме прилика да дадеме одговор без преседан на кризата без преседан", рече Грининг за Anadolu Agency (AA).
Денешната донаторска конференција е настан кон нема врска со мировните преговори за Сирија во Женева. Разговорите во швајцарскиот град почнаа во текот на викендот и за сега не дадоа големи резултати.
Меѓутоа, некои од сириските цивилни групи во Велика Британија сметаат дека одвојување на прашањето за средствата за помош и политичките преговори може да донесе добри резултати.
Барањето за вкупната помош кое ќе биде претставено во Лондон ќе изнесува девет милијарди долари. Во таа сума е вклучено и координитаното барање на ОН, на десетици хуманитарни агенции, кој изнесува 7,73 милијарди долари, додека барањето на владата домаќин тежи 1,23 милијарди.