Hasan Özkal
19 Декември 2015•Ажурирај: 20 Декември 2015
АЛЕПО (АА) - Најмалку осум лица смртно настрадаа, а 17 се повредени како резултат на нападите на воените авиони на руската војска на три населени места во сирискиот Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојдоа новинарите на АА, руските воени авиони извеле напади на селата Херитан, Телрфат и Гананда. Изворите наведуваат дека се користени касетни бомби и дека целите им биле цивили. Загинале осум лица, меѓу кои и жени и деца, а ранети се 17 лица.
Од повредените осуммина се во критична состојба.