Adel Ömeragiç
27 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
ПОДГОРИЦА (AA) - Во пожарот кој денес ја зафати целата околина на Улцињ, изгореа две куќи. Жариштето на пожарот е изгасено, а според прогнозите на пожарникарите, дали пожарот ќе биде ликвидиран зависи од ветерот, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот кој изби на ридо Бијела гора денес околу пладне беше закана за целата населба, а повеќето семејства се евакуирани. Според информациите од теренот, куќите сега се безбедни.
На пожарникарите од Улцињ им помагаа колегите од Бар и Будва, а беше активен и авионот за гасење на пожарот.