Kübra Chohan
16 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Вкупно 53 терористи се неутрализирани за време на операциите за борба против тероризмот низ цела Турција во текот на изминатата недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека безбедносните сили спровеле вкупно 1.950 антитерористички операции низ цела Турицја во периодот од 9 до 16 јули.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), ја продолжи својата вооружена кампања против Турција во јули 2015 година.
Терористичката организација оттогаш е одговорна за смртта на над 1.200 припадници на турските безбедносни сили и цивили, вклучително и голем број жени и деца.