Hasan Hüseyin Kulaoğlu,Hüseyin Bağış
16 Јуни 2021•Ажурирај: 16 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Турските безбедносни сили приведоа петмина осомничени во операција спроведена утринава против терористичката организација ПКК/КЏК во Истанбул, соопштија официјални претставници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Антитерористичките единици на полицијата изврши истовремени операции на седум адреси во пет подрачја во градот, како дел од напорите за откривање на активностите на терористичката организација.
За време на операцијата запленет е дигитален материјал и документи на организацијата.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.