İdris Okuducu
07 Февруари 2016•Ажурирај: 08 Февруари 2016
ЕРБИЛ (АА) - Во нападот на демонстрантите, поддржувачи на терористичката организација ПКК, кој се случи пред зградата на Обединетите нации (ОН) во Ербил, повредени се тројца полицајци, новинар и снимател, јавува Anadolu Agency (АА ).
Групата демонстранти која се собра пред зградата на ОН, протестираше за безбедносната ситуација во Турција.
Демонстрантите се обидоа да ги нападнат новинарите на медиумската група "Rudaw" со седиште во Ербил, а кога полицијата проба да ги спречи избувна судир со демонстрантите.
Медиумска група "Rudaw" во својата изјава го осуди нападот врз новинарите и снимателите.
„Ние го осудуваме овој напад и бараме правна одговорност за организаторите на демонстрациите. Ние, исто така бараме ПКК да престане со забраните за работа на медиумската куќа ,Rudaw' и со провокациите”, се вели во соопштението.