Ekip
24 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
ГОМА (АА) - Над 40 лица загинаа во демонстрациите во Конго откако претседателот, Џозеф Кабила, одби да поднесе оставка, изјави Високиот комесар на ОН за човекови права денес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Големиот број на жртви укажува на голема несериозност од страна на полицијата и одбрамбените и безбедносни сили во потребата да покажат воздржаност во демонстрациите. Во операциите за спроведување на законот не учествуваат само војниците туку сите сили кои што се вклучени се тешко вооружени и користат боева муниција”, изјави Зеид Рад Ал Хусеин во соопштението од канцелариите на ОН во Женева.
Зеид додаде дека 107 лица биле повредени додека пак 460 лица биле приведени.
Немирите започнаа кога претседателот на Конго, Кабила, одби да поднесе оставка иако неговиот мандат истекуваше на 19 декември.
Претседателските избори беа закажани за ноември, но беа одложени, поради финансиски и технички проблеми.