Admir Fazlagic
11 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на најголемата опозициска партија во земјава, СДСМ, и дел од граѓанските здруженија во Скопје, започна граѓанскиот марш на кој се собрани граѓани од повеќе градови од земјава, јавува Anadolu Agency (AA).
Организаторите претходно најавија дека овој марш се одржува во чест на празнувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и антифашистичката борба.
Обединети под мотото „Борбата продолжува – Гласот победува!“ граѓаните се собраа пред зградата на Специјалното обвинителство, од каде што ќе тргне маршот, а ќе заврши пред Собранието, каде што е најавено обраќање на претставници од Сојузот на борци, граѓански активисти и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.