Besar Ademi
03 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
ГЕВГЕЛИЈА (АА) - Грчката полиција успеа да го тргне поголемиот дел од економските мигранти кои го попречуваат влезот во земјата за бегалците од Сирија, Ирак и Афганистан, на коиза разлика од тие што доаѓаат од другите земји им е дозволено да ја поминат македонската јужна граница, јавува Anadolu Agency (АА).
За да го тргне поголемиот дел од нив грчките полицајци употребија сила, дури и солзавец.
Меѓутоа, десетици економски мигранти сеуште стојат на македонско-грчката гранична линија, додека полициската интервенција е отежната поради присуството на жени и деца помеѓу мигрантите.
Во разговор за АА групата вели дека нема да се тргнат од таму се додека властите не ја отворат границата за сите луѓе подеднакво.
"И ние сме луѓе, исти како нив. Ние дури имаме поголеми проблеми од тие кои доаѓаат од Авганистан", велат тие.