Ekipa
23 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
БЕЈРУТ (АА) - Терористичката група ДЕАШ преку својата новинска агенција Амак објави дека напаѓачот од Лондон бил нивни борец, јавува Anadolu Agency (AA).
Напаѓачот вчера попладне прегази пешаци на мостот Вестминстер со СУВ возило, убивајќи најмалку две и повредувајќи десетици лица, а потоа го прободе со нож и го усмрти полицаецот кој беше на должност пред британскиот Парламент.
Марк Роули, шеф на одделот на лондонската полиција за борба против тероризмот, денес изјави дека е извршен претрес на шест адреси и дека се уапсени седум лица во врска со нападот.
Тој истакна бројот на жртвите изнесува четири, вклучувајќи го и напаѓачот. Објавено е дека 29 лица повредени во нападот се сѐ уште згрижени во болница. Седуммина се во критична состојба.