Ruslan Rehimov
29 Октомври 2017•Ажурирај: 30 Октомври 2017
БАКУ (АА) - Денес на своето патешествие тргнува првиот воз на линијата Баку-Тбилиси-Карс (БТК). Тоа е дел од проектот за заживување на историскиот Пат на свилата, јавува Anadolu Agency (AA).
Железничката линија треба да овозможи непречен железнички превоз од Кина кон Европа. На свеченото пуштање на оваа железничка линија во оптек, ќе присуствуваат претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев и претседателот на Грузија, Георги Маргвелашвили.
Според податоците кои ги објави Државната железница на Азербејџан, новата железничка линија е во должина од 838 километри, од кои 503 километри минуваат низ Азербејџан, 259 низ Грузија и 76 километри низ Турција. На железничката линија во должина од 76 километри која е изграден во Турција, изградени се 4 железнички станици и 3 моста. На границата меѓу Турција и Грузија изграден е и тунел со вкупна должина од 4.445 метри, од кои 2.375 метри се наоѓаат на територијата на Турција, додека 2.070 метри на територијата на Грузија.
Во делот од железничката линија која потпаѓа под Грузија, изградена е нова пруга во должина од 105 километри, додека обновени се шините на пругата во должина од 154 километри. Азербејџан изврши адаптација на пругата во должина од 503 километри, за да одговара на потребите на новиот проект.
Со отворање на новата железничка линија, ќе биде овозможено непрекинато патување од Лондон до Пекинг. Транспортните композиции кои ќе тргнат од Пекинг, минуваат низ Казахстан и Туркменистан, потоа преку Каспиското Море пристигаат на азербејџанските пристаништа во Баку и Алат, од каде минуват низ Грузија и Турција и го продолжуваат својот пат кон Европа.
Во првата фаза се очекува оваа железничка линија да ја користат 1 милион патници и преку неа да бидат транспортирани 6,5 милиони тони товар. Проектот наведува дека железничката линија Баку-Тбилиси-Карс има потенцијал, меѓу Турција и Азија и меѓу Кафказ и Европа да транспортира товар од околу 50 милиони тони годишно.
Железничката линија претставува важна алтернатива за транспорт низ регионот, земајќи значајна улога во одвивањето на железничкиот сообраќај меѓу Кина и Европа.
Засега вкупниот транспорт од Кина кон Европа оди преку Русија. Со вклучувањето на оваа линија, железничката линија од Кина кон Европа се намалува за околу 7.000 километри. Се проценува дека значаен дел од досегашниот транспортен сообраќај кон Европа би можел да премине по оваа линија. Користејќи ја железничката линија Баку-Тбилиси-Карс, товарот од Кина во Европа ќе пристигнува за 15 дена.
Се очекува и голем дел од постоечкиот сообраќај кој се одвива меѓу Турција и земјите од Средна Азија да се одвива по новата железничка линија. Преку оваа линија ќе може нафтата и хемиските производи од Азербејџан да се транспортираат кон Турција и кон другите земји од Европа.
Овој проект е значаен од трговски, економски, енергетски аспект, но истовремено создава можности и за отворање на нови работни места.