Zafer Arslan
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Група деца во Ускудар, Турција, пуштија во воздухот црвени балони за да привлечат внимание за човечката драма што се случува во Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Децата што дојдоа на плоштадот во Ускудар со своите родители држеа транспаренти на којшто пишуваше „Децата од Алепо се иселуваат“. Убејдулах Адеми, кој говореше во име на децата, рече дека во последните 6 дена во Алепо загинале 336 цивили, а 1.150 се ранети.
Тој пренесе дека во местата каде што живеат 300.000 лица, повеќето фурни за леб се затворени, а народот не може да најде леб, додека пак децата што успеваат да останат живи од бомбардирањата, умираат од студ и глад.
Адеми потсети дека цивилите коишто многу тешко беа евакуирани од Алепо, во текот на евакуацијата повторно беа бомбардирани.
„Ние во последната недела изгубивме многу млади во Истанбул и Кајсери, но, нема да се затвориме во себе, ќе ги рашириме нашите прегратки за нашите браќа и нема да дозволиме да биде онака како што сака глобалниот тероризам и нема да се откажеме од ова. Светското јавно мислење е без реакција за овој масакар. Ние одбиваме да бидеме партнери со безгласните и сакаме да создадеме чувствителност за да привлечеме внимание кон масакрот“, рече Адеми.
По изјавата, децата пуштија црвени балони кон небото со порака да не умираат децата никаде во светот. Оваа идеја е инспирирана од сликарот Банкси кој прави графити во различни држави, а еден од нив е фигура на женско девојче со црвен балон.